Во врска со обвинувањата од општинската СДСМ дека во објектот „Развигорче“ нема греење, од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ информираат дека станува збор за дефект  на  парните котли од техничка природа кој се појавил во средата, 10- ти февруари, во 10 часот.

Во текот на тој ден и вчера, по констатирањето на состојбата, преземени се сите можни мерки за отстранување на дефектот, кој е отстранет во текот на вчерашниот ден  и  денес греењето нормално  функционира. Поради вакви непредвидени ситуации во сите објекти, вклучувајќи го и конкретниот во просториите каде престојуваат децата има алтернативно греење- клима уреди, а во периодот додека се отстануваше дефектот беше вклучено и дополнително греење со помошни грејни тела. Наведеното можат да го потврдат сите вработени во објектот, а и родителите чии деца престојуваат во објектот, велат од градинката.

Оттаму со уверување до родителите дека нема потреба за загриженост и дека кажаното можат лично да го проверат и да се уверат.

OhridNews

СДСМ: Во градинката „Развигорче“ два дена нема греење