Парк шумата во близина на спомен обележјето на ослободителите на Охрид од фашистичкиот окупатор повторно е претворена во депонија. Најразличен цврст отпад е расфррлан наоколу, а на гранките висат градници и друга долна облека. „Ова е за секаква осуда, срамота!“ – револтирано коментираат граѓани кои деновиве го посетиле ова место и ги направија овие фотографии.

Ова не е прв пат овој простор да биде претворен во депонија. Иако надлежните по реакциите на граѓаните го расчистуваат, набрзо потоа несовесните граѓани продолжуваат да одлагаат отпад. Можеби е време надлежните да преземат поригорозни мерки и да почнат остро и неселективно да казнуваат, а на располагање им е и модерната технологија која превентивно може да се постави на жешките еколошки точки.

OhridNews