Градоначалникот на градот Авецано во Централна Италија, Џовани ди Панеграцио, и членовите на градската управа, одлучиле проактивно да се изборат со еконосмката криза, па зеле во рака четки и метли и самите ги варосале своите канцеларии, а се со цел да зештедат од градкиот буџет. Градоначалникот и неговите колеги останале на работа после работното време и самите собрале пари за материјали, пренеле агенциите.

Џино ди Чико, службеник задолжен за буџетот на градот, рекол дека идејата се проширила многу брзо и сете вработени се приклучиле. Тој рекол дека во време на економската криза успеале да зештедат околу десет илјади евра. Тој, заедно со своите колеги и градоначалникот, платиле 470 евра потребни за материјалот за варосување. Италија веќе две години минува низ болна рецесија, а бројни локални власти се борат да ги зголемат приходите и голем дел од нив се во огромни долгови.