По повод синоќешниот терористички напад во француската престолнина Париз, градоначалникот Никола Бакрачески, упати зборови на сочувство до амбасадорот на Франција во нашата земја, Н.Е. Лоренс Оер.

– Знам дека во овој момент нема зборови со кои може да се најде утеха за ужасниот и кукавички чин со кој синоќа беа соочени граѓаните на Париз и Франција. Дозволете ми, во мое име и во името на граѓаните на Охрид да Ви изразам најдлабоко сочувсто за загинатите и повредени граѓани на Вашата земја. Молитвите на охриѓани денес се упатени кон Франција. Земјата која на светот му ги подари најуниверзалните демократски принципи за слобода, еднаквост и братство, синоќа се соочи со најсуровиот антипод на овие зборови, кои го потресоа сиот слободарски и демократски свет.

Длабоко сум уверен дека Францускиот народ ќе знае да се издигне и над оваа трагична ситуација и како и многупати досега, ќе биде лидер на слободоумниот и демократски свет, во кој човечкиот живот и слобода се највисоките вредности. – се вели во пораката со сочувство.

OhridNews