По повод  9-ти Мај, Денот на Европа, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со Амбасадорите на Кралството Холандија,  Мариет Шурман и Кралството Шведска,  Ларс Валунд.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби во Локалната самоуправа и заложбите на Европските земји за што поскорешен влез на Македонија во семејството држави членки на ЕУ. Во тој контекст беше најавено и интензивирање и продлабочување на соработката помеѓу Охрид и земјите на ЕУ во секоја сфера на општественото живеење, политичка, економска, културна и социјална.

–    Оваа Локална самоуправа ќе ги идентификува  стратешките приоритети на општината и  целосно ќе се ангажира во делот на аплицирање и остварувањето на голем број европски  проекти во рамките на Програмата на Европската Унија што ќе претставува директна придобивка на граѓаните на општина Охрид  – истакна градоначалникот Бакрачески.

Амбасадорката на Кралството Холандија , Мериет Шурман, изјави дека на локално ниво Канцеларијата на Европската Унија може активно да учествува и да ја унапредува добросостојбата на граѓаните во речиси сите аспекти од секојдневниот живот.

 Ларс Валунд, амбасадор на Кралството Шведска изрази задоволство од идејата за подлабока соработка во рамките на ЕУ и изрази надеж за зголемување на напорите на локалните власти за што поскоро искористување на ИПА фондовите кои ќе придонесатт за побрз развој и афирмација на Охрид , зашто Охрид го заслужува пиететот на европски град.

OhridNews