Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, вчера оствари средба со уредниците на локалните медиуми во насока на  подигнување на транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа  кон јавноста, како и потребата од подобрување  на комуникацијата помеѓу локалната самоуправа и МАС медиумите.

Како локална самоуправа континуирано ќе работиме на подобрување на протокот на информации и олеснување на  пристапот до нив. Пристапот до информациите е гарант за транспарентност, отвореност, ефикасност на општината и секако гарант за добра соработка со вас медиумите.“ – истакна градоначалникот Бакрачески.

На средбата беше истакната потребата од  преземање мерки и активности за регулирање и унапредување на начинот и формата на протокот на информации и нивно непречено и навремено проследување до средствата за јавно информирање, како и потребата од дефинирање на правата и обврските на општината и општинската администрација во остварувањето на јавност во работата.

OhridNews