Градоначалникот Никола  Бакрачески, по повод големиот христијански празник  Божиќ, упатува честитка до граѓаните  од православна вероисповед посакувајќи многу здравје,среќа, бериќет и семејна хармонија.

Големиот христијански празник, Денот на Раѓањето Христово- Божиќ ,Ви  посакувам да го поминете во атмосфера на радост и среќа во кругот на семејството, блиските и пријателите. Овој голем и величествен празник, со сета своја духовност нека не учи на вредностите на христијанството и човекољубието кои се  општочовечка универзална придобивка. Божиќ е празник  на верата,  вербата и надежта , човекољубието, традиционалните и семејните вредности. Тоа е празникот кој  облева со светлина и дава сила со Божја помош да се надминуваат проблемите и внесува топлина во срцата, здравје, слога и заедништво во семејствата.Божиќниот дух, нека влезе во сите домови и нека не води по патот на сеопштиот напредок и бериќет во семејствата, во нашиот Охрид, духовниот центар на православието и нашата држава, Република Македонија. Со поздравот Христос се роди, Навистина се роди, да ја изразиме нашата среќа и вечна благодарност за неговата милост и во радост да го прославиме големиот христијансски празник Божиќ- се вели на крајот на празничната Божична честитка  на  градоначалникот Никола Бакрачески.

OhridNews