По повод „Недела на борба против гладта“, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници од Советот на општина Охрид и локалната администрација, со свој прилог ќе придонесат за поддршка на хуманитарната акција која денес ќе се спроведе во маркетот „Тинекс“ лоциран на улицата „7-ми Ноември“.

Настанот е во рамките на активностите кои координирано ги преземаат локалната самоуправа и општинската организација на Црвениот крст од Охрид, за прибирање на прехрамбени намирници за лицата од социјалните категории.

OhridNews