
-Великиот празник на Христовото раѓање- Божиќ, поминете го во радосен амбиент, во топлината на домот, заедно со семејството и ближните, полни со љубов, добра мисла и меѓусебно разбирање. Божиќ е празник кој поттикнува на човекољубие, почит кон другите и помош на немоќните. Христовото раѓање е величествен ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога. Затоа, овој голем христијански празник нека ни внесе мир и спокојство во нашите срца и добрината секогаш да биде во нас, а светлината на Христовото раѓање да ни биде водилка низ животот. Во името на богољубието, да го следиме патот на светлината дарен од Бога и да му се радуваме на животот. Со поздравот Христос се роди- Навистина се роди, да го чествуваме овој голем празник, полни со топлина, љубов и верба за подобро утре, се вели во Божиќната честитка на градоначалникот Бакрачески.












