По повод одбележувањето на 8-ми Март- Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Никола Бакрачески, до припадничките на понежниот пол, упати честитка со желби за здравје, среќа и личен просперитет.
-Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството. Во тие стремежи, сите жени и женски групи ги надминуваат националните граници и ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и настојувањето за еднаквост, правда, мир, се вели на крајот на честитката на градоначалникот Бакрачески.
OhridNews