Во петок, 10- ти мај, ќе се одржи седница на советот на општина Охрид на која градоначалникот Никола Бакрачески пред советниците ќе даде информација во врска со состојбата за паркинг просторите во централното градско подрачје.

 Како што неодамна изјави градоначалникот, од страна на локалната самоуправа формирана е комисија составена од пет членови,меѓу кои  адвокат, правници, сообраќаен инжинер  и економист за испитување на правната регуларност и економската оправданост од давањето на паркинзите под концесија.

Согласно наодите на стручните служби, потоа се очекува да биде донесено соодветно решение околу понатамошната судбина на паркинг- просторот во централното градско подрачје.

OhridNews