Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески го подигна својот стартен пакет и утре со почеток во 10 часот ќе се појави на стартот од 35-километарската трка во рамките од првото издание на Охрид треил. Георгиески кој е голем љубител на планината идејата за учеството ја добил на вчерашната прескофенреција на која медиумите и јавноста беа запознаени со сите детали за Планинарската трка.

  • Колку повеќе размислуваш и анализираш толку е поголема веројатноста да се откажеш и не го прифатиш предизвикот. Идејата ми дојде чисто спортски од внатре што би се рекло. Јас да се двоумев и колебав немаше да се нафатам да ги искачам Мон Блан и Аконгва. Пред да бидам ангажиран како в.д. градоначалник и сега како градочалник бев многу активен. Сега не сум толку, но кондиција се менува, а не се губи. Го прифаќам предизвикот и утре заедно со сите учесници ќе започнеме ново спортско поглавје во Охрид. – изјави Георгиески.

На градоначалникот на експото кое е пред Хотелот Нова Ривиера му беа презентирани правилата и  трасата. Тој на учесниците им посака лесни нозе и апелираше да се држат строго до правилата од организацијата.

OhridNews