Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел.
Георгиески оствари средба со градоначалникот на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум. Се разговараше и за искористувањето на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини.
Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од деветте основни училишта во Гиватаим, каде што имаше свое обраќање и се запозна со начинот на одвивање на наставата и современите образовни практики.
Во рамки на посетата, Георгиески оствари средби и со претставници на бизнис секторот на Израел, а беше во посета и на Smart City центарот во Универзитетот „Бар Илан“ во Тел Авив. Заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан, градоначалникот проследи презентации за Smart City платформите за сообраќај и јавно осветлување кои се користат во различни урбани центри и метрополи во светот.
OhridNews















