Во текот на вчерашниот ден, заинтересираните граѓани во големата сала на општина Охрид имаа можност пред градоначалникот Никола Бакрачески да ги изнесат своите ставови, мислења и проблеми со кои се соочуваат секојдневно.
На средбата, присуствуваа и раководителите на секторите и одделенијата при локалната самоуправа, кои на граѓаните им ги посочуваа законските решенија, права и обврски кои произлегуваат од законсите прописи кои владеат во земјава.
Од локалната самоуправа велат дека оваа практика на средби меѓу граѓаните и градоначалникот ќе продолжи и во идниот период, со цел зголемување на транспарентноста.
OhridNews