Градоначалникот им забранил на вработените во општинската администрација  да употребуваат изрази како: ,,невозможно“, „нема пари“, или „што да правам“……..

Не вознемирувајте се зошто приказнава не е од овие простори, туку се работи за Александар Кузмин градоначалник на Мегион, град во Сибир. Тој изнервиран од папагалското повторување изговори за незавршената работа, составил список од 27 изрази чија употреба е забранета во негово присуство и ги ставил на сајтот на градската управа.

Пред него сега е забрането да се каже „не знам“, „сега е пауза за ручек“, „па Вие тоа ми го кажавте“, „баш мислев тоа да го направам“ и „никој ништо не ми кажал“.

Градската управа на Мегион (56 000 жители) „треба животот на граѓаните да им го направи попријатен и јавните службеници треба да се потрудат да ги решаваат проблемите, а не да бегаат од нив“ им порачал Кузмин.

Се чини не е лошо нашиве градоначалници малку да се огледаат на сибирскиот колега.

Јасминка Т. Момироска