Охрид е безбедно место за сите туристи, а политичките лидери во земјава треба итно да ја разрешат политичката криза во Македонија која има влијание врз туризмот, порачаа градоначалникот Никола Бакрачески и холандскиот амбасадор, Вилем Воутер Пламп.
– Се надеваме дека бројот на холандски туристи ќе го прати растечкиот тренд кој што го имаме изминативе години и од година во година ќе биде се поголем и поголем и тоа е јасна порака не само до граѓаните на Холандија туку и до сите евроспки држави, дека градот Охрид се движи во вистинска насока и дека ова е безбедно место кое што Унеско го препозна пред многу години како светско културно и природно наследство, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Амбасадорот Пламп ги повика холандските гости да ги посетат Македонија и Охрид.
– Дефинитивно ги повикувам холандските гости да продолжат да доаѓаат во Македонија, а во исто време ја повторувам мојата порака, но и порака од министерот од минатиот понеделник во Брисел, која се однесува до политичките лидери во Скопје да изнајдат решение за политичката криза и итно да продолжат со приоритетните реформи, рече амбасадорот Пламп.
OhridNews













