Утре на градскиот плоштад со почеток од 12 часот, охридските матуранти како дел од големата европска манифестација „Матурска парада“, ќе танцуваат квадрил на музиката од штраусовата опера „Лилјакот“.

Десет минути пред почетокот на танцот, на матурантите ќе им се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, информираат од локалната самоуправа.

OhridNews