Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, во текот на вчерашниот ден оствари средба со жителите на селото Злести.

Присутните беа запознени со планот на општина Дебарца, со кој се предвидува бетонирање на речно корито во ова село, со кое во иднина во летниот период нема да доаѓа до губење на вода наменета за наводнување на нивите.

Исто така, жителите на Злести беа известени дека во периодот кој претстои, ќе се изврши реконструкција на фудбалското игралиште, со опремување на соблекувалните и изградба на трибини за публиката.

При средбата, присутните беа запознаени и со поднесената апликација за ИПАРД програмата наменета за изработка на урбанистички планови од страна на општината.

OhridNews