Градоначалникот на Општина Дебрца г-динот Игор Трајкоски е во работна посета на Република Италија и Република Словенија. Целта на работната посета е размена на искуства во погранична соработка за искористување на ИПА средствата. За таа цел беа одржани неколку работни средби во градовите Трст и Копар на кои беа разгледувани можностите за погранична соработка.

Покрај  градоначалникот Трајковски, на работните средби присуствува  министерот за  локална самоуправа Тахир Хани и градоначалници од други Општини во Република Македонија.

Градоначалникот Трајковски се надева дека искуствата кои се стекнати при посетата и работните состаноците ќе допринесат за побрза имплементација и искористување на ИПА средствата во интерес на Општина Дебрца.

OhridNews