По повод најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски, на сите православни христијани им го честита Христовото Восресение.

Дозволетеми да упатам искрени честитки до сите жители кои го слават најголемиот христијански празник Велигден, бележејќи ги најголемите христијански вредности.Радувајќи се на животот, љубовта, трпението и милосрдието се радуваме на делата кои ги правиме. Доколку нашиот живот биде исполнет со добри дела, тогаш ја разбираме смислата на нашето постоење. И со силна верба во Бог, да чекориме кон подобро утре.“ – стои во честитката на Трајкоски по повод празникот.

OhridNews