Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес ја посети мајката Милица и нејзиното новороденче – малата Надја, првото бебе родено во Струга оваа година.
Надја се роди со тежина од 4.210 грама и во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница, вели градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.
Градоначалникот им упати искрени честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом. На првороденото од име на Општина Струга тој му подари чек во вредност од 20 000 денари.


Републичкиот совет за безбедност во сообраќај (РСБСП) во соработка со Општинскиот совет за безбедност донираше безбедносно- седиште за деца на првороденото дете во Струга со цел подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот на најмладите.
OhridNews
фото: Општина Струга












