Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес ја посети мајката Милица и нејзиното новороденче – малата Надја, првото бебе родено во Струга оваа година.
Надја се роди со тежина од 4.210 грама и во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница, вели градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.
Градоначалникот им упати искрени честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом. На првороденото од име на Општина Струга тој му подари чек во вредност од 20 000 денари.


OhridNews
фото: Општина Струга











