Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска беа во протоколарна посета на Општина Охрид.

Заеднички се разгледуваа можностите за соработка на двете општини во повеќе области. Се разговараше и за начинот на функционирање и ингеренциите на локалната власт, а стана збор и за процесот на децентрализација на власта по чие целосно завршување под капа на општината би биле неколку културни институции, примарното здравство и полиција, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews












