Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски изразува загриженост поради тенденцијата на намалување на бројот на жители во општината , а со тоа и за иднината и опстанокот на Вевчани. Угриноски укажува на загрижувачките податоци од последните осум години, кога просечниот број на новородени деца во општината е 27.

– Од една страна бројот на новородени деца е мал, а од друга страна постои фактот дека голем број од младите  се одлучуваат да се иселат . Поради тоа постои опасност , бројот на жители во општината, која според последниот попис во 2002 година има 2400 жители,  во идниот период драстично да се намали, вели Угриноски.

Од тие причини, градоначалникот на општина Вевчани со апел до семејствата во општината, да раѓаат најмалку по три деца, како што потенцира , со цел лозата на Вевчани да опстане.

OhridNews