Градоначалникот Кирил Пецаков, синоќа, оствари плодотворна средба со делегација на Република Полска. Полската делегација беше составена од владини претставници, претставници на бизнис заедницата и стопанската комора, информираат од Општина Охрид.
На состанокот, додаваат, присутни биле и генералните менаџери на најголемите компании во охридскиот регион, како и претставници на туристичкиот сектор во градот и претставници на агенцијата за промоција на туризмот.
Средбата која се одржа на иницијатива на градоначалникот беше искористена за размена на идеи и мислења, како и понуда на конкретни соработки во повеќе области. Тука се разговараше за овозможување на услови за привлекување на полски инвеситции во делот на управување, селектирање и рециклирање на комунален и друг вид на отпад, инвестиции во енергетската област. Понатака стана збор и за директно поврзување на Општина Охрид со некои општини во Полска, преку потпишување на меморандуми за соработка од кои ќе произлезат соработки во областа на културата и образованието, потенцираат.
Исто така, на средбата станало збори и за унапредување на веќе добарата соработка во областа на туризмот.
Во оваа насока од страна на претставникот на Агенцијата за промоција на туризмот беа презентирани бенефициите кои би ги имале полските туроператори доколку работат на македонскиот пазар. Соговорниците се сложија овој тип на состаноци треба да продолжи и продлабочи и понатака, додаваат во соопштението од Општина Охрид.
OhridNews