Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денес оставри средба со новоименуваниот амбасадор на Австралија во амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски.

На средбата се разговараше за традиционално добрите односи кои се негуваат помеѓу двете држави, а се стави акцент на продлабочување на соработката помеѓу збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка. Амбасадорот изрази подготвеност да биде дел од комуникацијата помеѓу Охрид и двата австралиски градови како би се интензивирала соработката, информираат од Општина Охрид.

Средбата, додаваат, беше искористена и за разговор во насока на стимулирање на невладините организации од регионот за поактивно учество на повиците за грантови кои ги објавува амбасадата.

OhridNews