Градоначалникот Кирил Пецаков денес го прими амбасадорот на Полска во Македонија, Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Охрид.
Амбасадорот го изрази своето воодушевување од Охрид како главна туристичка дестинација во регионот. Двете страни ги разгледуваа можностите за поголема туристичка соработка меѓу Македонија и Полска. Заеднички беше заклучено дека двете нови авио линии кои од од март 2026 година ќе сообраќаат од охридскиот аеродром Св. „Апостол Павле“ од и кон полските градови Вроцлав и Катовице директно ќе придонесат кон зголемување на бројот на полски туристи на охридската ривиера, информираат од Општина Охрид.
Посочуваат дека на средбата било разговарано и за богатата културна понуда на Охрид, фестивалот „Охридско Лето“, „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“, Охридскиот џез фестивал и „Ohrid water festival“.
OhridNews