Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Предраг Бошковиќ.

На средбата како што имформира Пецаков ​разговарале за иднината на ракометот, за возбудата пред претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните планови на ГРК Охрид.

​Посебно ме радуваат честитките кои ги добивме за нашиот проект и за досегашните успеси. Тоа е силна потврда дека се движиме во вистинската насока. Ракометот во Охрид има светла иднина, а ние продолжуваме да работиме уште посилно за нови победи и успеси!, вели Пецаков.

OhridNews