Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денес оствари средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије), Н.Е. Фатих Улусој и почесниот конзул во Охрид, Абдураман Бајрактар.

Како што информираат од Општина Охрид била потврдена подготвеноста за продолжување на соработка во повеќе сфери на општественото живеење.

На средбата, пак, со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, било разговарано за важни инфраструктурни проекти и зајакнување на соработката во областа на туризмот и културата.

OhridNews