Посакувам делата на овој просветител да ни го покажат вистинскиот пат и да бидат нашиот пример за поголема истрајност во градењето на попросперитетна иднина, вели во честитката по повод празникот Свети Сава до припадниците на српската заедница градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, посакувајќи им добро здравје, мир и благосостојба.

Македонскиот и Српскиот народ имаат нераскинлива поврзаност, која се темели на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Српската заедница во Република Македонија претставува значаен дел од нашето општество и дава голем придонес во напредокот и равојот на сите сфери од живеењето. Верувам дека и во текот на наредниот период, во духот на пријателство ќе продолжиме да чекориме напред и да обезбедиме подобри услови за живеење за сите граѓани. Нека Ви е честит и вековит големиот празник!- додава во честитката градоначалникот Пецаков.

OhridNews