Градоначалникот Кирил Пецаков со својот тим денес беше во обиколка на основните училишта каде се одвиваа градежни активности. Ветивме дека нашиот фокус е создавање на подобро и поквалитетно образование за сите деца на територија на Општина Охрид и тоа го остваруваме, вели Пецаков.
Речиси и да не постои образовна институција каде во изминатиов период или во моментов не се врши градежен зафат. Дополнително посетата на основните училишта ја искористив и за разговор со директорите за идните приоритетни на образовните институции со кои раководат, потенцира Пецаков.
Додава дека вкупно во основните училишта до сега локалната има инвестирано околу 2.674.425,oo денари средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Информира дека во ООУ „Григор Прличев“ во Рача извршeна е адаптација и реконструкција на санитарните јазли. Вредноста на овој зафат изнесува 179.773,oo денари.
Во ООУ „Братско Единство“ Лескајца изведени се нова електрична инсталција во вредност од 824.188,00 денари и реконструкција на тоалетите во вредност од 1.313.600,oo денари.
Во ООУ „Кочо Рацин“ Лакочереј извршено е оградување на дврот со жица во вредност од 40.000,oo денари, нивелирање на подовите во тоалетите во вредност од 100.000,o денари и промена на одводните и доводните цевки во вредност од 30.000,oo денари.
Во ООУ „Ванчо Николески“ Косел реконструирани се тоалетите во вредност од 461.052,oo денари и изгради настрешницата во вредност од 65.000,oo денари.
Во ООУ „Ванчо Николески“ Куратица реконструирани се олуците во вредност од 90.000,оо денари, додека во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец реконструиран е влезот на училиштето во вредност од 60.000,оо денари.
Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани извршено е молерисување и санација на ѕидовите во вредност од 70.000,оо денари. Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Коњско променета е внатрешната дограма во вредност од 50.000,оо денари и во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти ограден е училишниот парк и поставена влезна врата во вредност од 215.000,оо денари.
OhridNews