Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, по повод претстојниот муслимански свет месец Рамазан, упатува честитка до своите сограѓани од муслиманска верисповед:

На своите сограѓани кои се поклонуваат на Пророкот Мухамед, во пресрет на светиот месец Рамазан кога, според верувањето се отвораат портите на Рајот, а затвараат вратите на Пеколот, им упатувам срдечни честитки. Им посакувам овој месец кој претставува еден од петте столбови на исламот, да го одбележат  во мир, солидарност и милост.

Рамазанските пости нека минат во знакот на  берикет, љубов, простување и толеранција меѓу сите нас кои како сограѓани тежнееме за соживот, добробит и растеж на нашата општина и Охрид како град познат ширум светот, стои во честитката на градоначалникот.

Ohridnews