Учесниците на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, остварија средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој по повод нивното доаѓање во Охрид организира прием.


Петрески изрази надеж дека и во наредните ќе продолжи традицијата, преку Семинарот во Охрид,  светската јавност да се запознава со научните достигнувања во областа на македонскиот јазик, литературата и историјата, што истовремено придонесува кон зближување на научниците – слависти и поттик за натамошен развој на славистичката наука кај нас и во светот.


На годинешниот,  44 – ти по ред  Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура учествуваат 24 земји, односно 112 македонисти, професори, преведувачи, научни работници и студенти кои го изучуваат македонскиот јазик.

OhridNews