Градоначалникот Александар Петрески, во рамки на своите редовни активности, денес го посети селото Елшани, каде присуствуваше на настава во реновираните простории на ОУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани – подрачно училиште Елшани.


По барање на родителите, учениците и жителите на Елшани, со средства од локалната самоуправа ова училиште неодамна беше реконструирано, при што во целост беа реновирани училишните простории и беа создадени подобри услови за следење на наставата, информираат од Кабинетот на градоначалникот.


OhridNews