Прилепскиот Градоначалник, Марјан Ристески веднаш по завршувањето на дерби мечот од Втората МФЛ, меѓу 11 Октомври и Тиквеш кој заврши со триумф на прилепчани од 2-1 ги посетил фудбалерите во соблекувалната и им честитал на победата.

По дерби мечот кој го проследија околу 5000 гледачи тренерот на прилепчани , Николче Здравески не го криел задволството од победата и примените честитки од градоначалникот.

Со ваква поддршка нема шанси да не успееме. Прилеп заслужува и ќе добие прволигаш по една година пауза – вели Здравески.

Во наредното коло в сабота на Срц “Атина Бојаџи“, се игра супердербито во Втората МФЛ каде водечкиот Охрид ќе го угости второпласираниот 11 Октомври.

М.П.