Градоначалникот Јован Стојаноски, оствари средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.

На средбата се разговараше за соработката на Охрид со збратимените и пријателски градови од Србија и можностите за нејзино продлабочување особено во туризмот, културата и бизнис секторот. Заеднички беше оценето дека со формирањето на  здружението за деловна соработка СИДИС, ќе се овозможи поблиска комуникација на македонските и српските компании.

OhridNews