На наредната седница на Советот на Општина Дебрца на дневен ред ќе се најде на разгледување Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година. Буџетот на Општина Дебрца е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, во кои се содржани главните насоки за изготвување на општинскиот буџет за 2016 година.
Во Буџетот за 2016 година програмирани се средства со кои што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и одржување на постојната инфраструктура, како и подобрување на вкупните јавни услуги.
Меѓу нив се: Изградбата на канализациона мрежа во село Горенци, со што ќе се овозможи да се собираат отпадните води од селото Горенци и се спроведат до главниот колектор кој се протега покрај реката Сатеска, чија изградба е во тек.Предвидена е и изградба на улици во селото Ботун. Со проектот ќе се изврши реконструкција на постоечки улици во сеото, кои се стари повеќе од 20 години.Трасите на улиците ќе се водат и прилагодуваат према постојните улици. Ќе се изврши и реконструкцијата на локалниот пат од село Злести до Манастир “Сите Свети” во село Лешани, со што ќе се изврши рехабилитација на локалниот пат со должина на локалниот пат од 1800 метри, информираат од локалната самоуправа на општина Дебрца.
– Главна цел на овие проекти е подобрување на постоечката инфраструктура и изградба на нова инсфраструктура. Очекувани резултати од овие проекти се подобрување на локалната патна мрежа, подигање на стандардот за живот и подобри животни услови за локалното население. Јас како Градоначалник во изминатиов период работев совесно и одговорно со цел она што го ветив на жителите на Општина Дебрца и да го реализирам, со истиот мотив и во иднина ќе продолжам да работам транспарентно и отчетно во интерес на сите жители на Општина Дебрца, вели градоначалникот на општината, Игор Трајкоски.
За наведените проекти поголемиот дел од средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, а во нивното финансирање учествува и Општина Дебрца со сопствени средства преку Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година.
OhridNews