Законските измени и предизвиците со кои се соочуваат локалните власти при имплементација на законите во надлежност на министерството за транспорт и врски- е темата на која дискутираат градоначалниците и претставници од општинската администрација , на советувањето кое денес и утре се оддржува во Струга.

Меѓу другото учесниците расправаат за  Законот за проценка, Законот за јавна чистота, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за градење иЗаконот за градежно земјиште.

На советувањето присуствуваат и претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

OhridNews