Граѓаните на Калгари, Канада на референдум ја отфрлиле идејата градот да се кандидира за организација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година. Калгари бил домаќин на ЗОИ во 1988 година.

На референдумот гласале повеќе од 300.000 жители, а 56 отсто гласале против предлогот. Градскиот совет на наредната седница ќе ја повлече кандидатурата.

Ова значи дека ЗОИ во 2026 година ќе се одржат во Европа бидејќи активни останаа само кандидатурите на Стокхолм, односно Милано и Коритна Дампецо.

Интернационалниот олимписки комитет во јуни 2019 година ќе реши кој ќе биде организатор на Игрите во 2026 година. Инаку, наредните Зимски олимписки игри ќе се одржат во 2022 година во Пекинг.

OhridNews