Во пресрет на Богојавление-Водици, ЈП „Охридски Комуналец“ со многубројни активности поврзани со чествувањето.
Украсено е градското пристаниште од каде ќе биде положен Светиот крст, централното градско подрачје со верски знамиња, а поставени се и метални огради за безбедно движење кај градското пристаниште, информираат од претпријатието.
Јавната чистота е на највисок степен како што му доликува на Охрид пред одбележувањето на најмасовната црковно-културна манифестација, додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.
ЈП „Билјанини Извори” со извесување до јавноста за бесплатен паркинг за Водици.
На ден 19. 01. 2023 (четврток) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката традиционално се носи во име на големиот христијански празник Богојавление – Водици. ЈП „Билјанини Извори” на сите учесници на утрешниот настан им посакува мирно езеро и добро здравје, додаваат од претпријатието.
OhridNews