ЈП „Охридски Комуналец” активно вклучен во подготовките за одбележување на најмасовната културно-верска манифестација Богојавление-Водици 2026.
За достоинствено одбележување на овој најголем празник за охриѓани, дежурните екипи се со максимален ангажман во одржување на јавната чистота на локациите каде ќе се одвиваат празнувањата, велат од претпријатието.
Украсено е градското пристаниште од каде ќе биде положен Светиот крст, а улиците во централното градско подрачје украсени со верски знамиња. Јавните површини се одржуваат машински и рачно со највисок степен, посочуваат.
Додаваат дека согласно богатата програма која ја организира Организацискиот одбор, екипите ќе бидат во мобилна состојба со цел обезбедување квалитетна и навремена услуга на сите локации.
OhridNews

















