По сториите што неодмна ги објави OhridNews за дивите депонии и загадување на животната средина, уследи реакција на локалната самоуправа која денеска започна голема акција за средување на зеленилото и јавните површини во градот и околината. Се расчистува и патот од Видобишта до Велгошти, кој беше претворен во вистинска депонија.

Започна расчистувањето на дивите депонии….

…и уредувње на зеленилото
-Работиме на неколку локации во градот, една од локациите е патот помеѓу населените места Видобишта и Велгошти кој имаше ургентна потреба да се исчисти. Понатаму се работи во стариот дел од градот на потегот од црквата Каменско до Горна Порта.Со ваквите акции уверени сме дека на градот ќе му дадеме еден поинаков, лик – изјави секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, кој во придружба на одговорните лица од јавните претпријатија ја надгледуваше акцијата.

Во акцијата ангажирани се 100 вработени лица во јавните претпријатија. Покрај ова екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со другите општински јавни претпријатија работи и на средување на просторот од спортската сала „Билјанини Извори“ до Св. Стефан и пешачката патека кон Горица и каналот Студенчишта.

Покрај овие вонредни активности, ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со тековното средување и одржување на јавните површини на територијата на општина Охрид.












