Здружението на граѓани – “Помагам” од Скопје, со помош на своите донатори и со помош на издавачката куќа „New Era Piblications“, денеска во градската библиотека „Григор Прличев“, ќе донира повеќе нови книги, меѓу кои и 16 автобиографски книги за хуманитарецот и филозофот Л. Рон Хабард.
– Л. Рон Хабард е хуманитарец, едукатор и истражувач. Уште како мал имал цел да го разбере човекот и да разбере како да му помогне да живее среќен, продуктивен и просперитетен живот. Истражувајќи го ова тој живеел многу интересен и возбудлив живот и со цел да ги разоткрие многуте загатки на животот тој бил дел од многуте сфери на животот. – вели д-р Жарко Костиќ ,претседател на од здружението “Помагам”
Покрај 16-те ново донирани автобиографски книги ,библиотеката во Охрид, веќе располага и со 9 други книги од истоимениот автор преведени на македонски јазик кои ги содржат неговите филозофски откритија. Иако сите книги на Хабард изобилуваат со многу корисни податоци за животот и живеењето, особено им ги препорачуваме на читателите делата кои денес интимно го засегаат нашето постоење.
Тоа се темите на стресот, проблемите со работата како и пропаѓањето на моралот и етиката. Неговите дела: “Дијанетика”, “Проблеми на Работата” и “Патот до Среќата”, даваат решенија за овие проблеми на денешнината.
Особено интересна за градот Охрид е неговата автобиографска книга насловена “Фотограф”, каде што читателите ќе можат не само да се запознаат со неговите дела, сознанија и истражувања во оваа област, туку и ќе можат да научат како тој ја искористил оваа вештина за да направи единствени промотивни материјали со цел да го подобри и зголеми туризмот во оние места кои тој ги имал посетено при неговите истражувања и патувања.
-Се надеваме дека со оваа донација ќе допринесеме за поубав живот и посветла иднина за граѓаните на Охрид”, додава д-р Жарко Костиќ, кој ќе присуствува на чинот на донацијата во градската библиотека.