Наместо простор за одмор и рекреацијата, градската фонтана кај Чинарот за време не празниците беше сведок на ниската еколошка свест на поединци.
Како што реагираат охриѓани, гостите и туристите кои изминативе неколку денови престојуваа на ривиерата, биле сведоци на ваквата грда слика во строгиот охридски центар.
Очигледно дека бројните апели дека отпадот треба да се фрла во корпа за отпадоци, не допираат до секого.
OhridNews