Градската плажа во Пештани добива и детско игралиште. Во рамки на градската плажа започнавме да работиме на изградба на детско игралиште, информира на Фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Денес се работи на поставување на детските реквизити. Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, стои во објавата.
Изведувач на активностите е ЈП „Градски пазар“ и компанијата „Дион градител“.

OhridNews











