Најавената изградба на нов градски пазар, кој охриѓани го очекуваат со години, предизвика страв кај сопствениците на тезги дека можеби на одреден период нема да бидат во можност да ја изршуваат дејноста од која егзистираат. Од ЈП „Градски пазар“ уверуваат дека до тоа нема да дојде.
-Во сите фази на реализација на проектот за изградба на нов современ Пазар, ЈП „Градски Пазар“ Охрид ќе овозможи непречено функционирање на пазарот, согласно принципите на сигурност во давање на услугите, континуитет и квалитет на услугите, транспарентност, јавност, достапност и заштита на корисниците и потрошувачите.– информираат од „Градски пазар“.
Оттаму додадаваат дека во овој момент во тек е тендер за изработка на физибилити студија која ќе ја покаже потребата и начинот на реализација на овај проект, а во фаза на изготвување техничка документација за идејно решение и основен проект, ќе бидат испочитувани сите норми за современ покриен пазар како и потребите на граѓаните и корисниците на услуги.
OhridNews