Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ја информира јавноста дека од денес, 3 јули 2026 година Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ официјално започнува со работа.

Работно време на базенот, како што информираат од претпријатието, ќе биде секој ден од 08.00 до 19.00 часот.

Пливачките школи ќе започнат со работа од 06 јули, понеделник, а обуките ќе се реализираат во термините од 08.00 до 13.00 часот и од 17.30 до 19.00 часот (мало корито).

Од ЈП „Билјанини извори“ упатуваат покана до сите граѓани и посетители да ја искористат можноста за рекреација и спорт во текот на летната сезона, а најмладите да се приклучат на пливачките школи и да ги направат своите први пливачки чекори под стручен надзор.

OhridNews