Почнувајќи од утре Петок (05.06.2011) по цели девет години пауза ќе започне со работа реконструираниот Градски базен со кој ќе стопанисува ЈП Билјанини Извори.


– Работното време е од 09 – 20 часот, во овој период термини ќе имаат школите по пливање и ватерполо и тоа од 09 до 12 часот однсно 18 до 20 часот. Граѓаните за рекреативна употреба базенот ќе можат да го користат од 12 – 18 часот за симболична цена од 60 денари – велат од “ЈП Билјани Извори“

Со почетокот на работа на базенот ќе стартува и работата на школите за пливање и ватерполо кои ќе ги водат професори по физичка култура предводени од професор Соња Думбалова.

М.П.