Градскиот пливачки базен во склоп на СРЦ „Атина Бојаџи“ претпладнево свечено беше пуштен во употреба. Охриѓани по една деценија повторно ќе може да се разладуваат во градскиот базен.


Олипмискиот базен во употреба го пушти охридскиот градоначалник Александар Петрески, а симболично прв во водата заплива поранешниот светски и младински првак Александар Маленко.


Ревијален ватерполо меч одиграа екипите на Работнички и српскиот Гоч.

Градскиот базен се враќа во функција на спортот

М.П.