По скоро една деценија руинираниот охридски Градски базен денес свечено ќе биде пуштен и официјално во употреба. Девет години охриѓани поминуваа покрај спортскиот центар и само ја вртеа главата прашувајќи се кога овај простор, кога овај базен повторно ќе биде вратен во функција на спорот.


–    Ставањето во фукнција на градскиот базен значи многу за граѓаните на Охрид, значи многу за развојот на споротот во Охрид. Ние сме сведоци дека многу години, од Охрид не е појавен ниту еден пливач, ниту на кратки патеки , ниту на долги,а  ниту во маратон, една од основните причини беше тоа е што охриѓани немаа каде да тренираат. Еден период се одеше во Струга, меѓутоа по колапсот на базенот во Струга, тотално замре пливањето во Охрид. Овој базен  сигурен сум дека ќе даде потстрег на сите родители да ги донесат своите деца на пливање бидејќи пливањето е еден од најубавите спортови. Очекувам покрај пливањето заедно со клубот Охридски Бранови да го заживеме и ватерполото, а  токму на денот на отварањето ќе биде одигран еден ревијален натпревар – рече градоначалникот на Охрид, Александар Петрески., кој истакна голема благодарност до концеционерите на просторот околу градскиот базен кои го отстапија просторот во интерес на спортот.

Градскиот базен покрај тоа што главно што ќе биде наменет за спортистите, во периодот од 12 до 18 часот ќе биде отворен за рекреативците. Поранешното диско кое работеше во потрибнискиот простор на спортската Арена Билјанини Извори, ќе биде пренаменото и тука допрва ќе се гради спа центар , сауни, салони  за масажа како и други попратни елементи.

–    Базенот значи живот, ова е најдобар можен начин најмладите генерации да ги избегнат сите пороци кои ги демнат во модерното живење. Пливањето покрај спорт тое е хоби на сите граѓанин, што би се рекло од 5 до 85 години. Огромна благодарност до сите релевантни фактори кои го оспособија базенот и лично се надевам оти нема да згасне она што во моментов започнува – рече охриѓанецот Александар Маленко , поранешен младински и светски првак во пливање.


После долги години пауза ќе заживе  и школата за пливање која поради немањето услови беше ставена под клуч. –    На наше големо задоволство ќе биде отворен градскиот базен, и тоа посебно оној малиот  базен каде што многу деца ги научија тајните и техниките на пливањето. Во овој базен многу млади охриѓани научија да пливаат, а токму он него излезе и олимпиецот Александар Маленко. Ставањето во употреба на градскиот базен во функција значи премногу значи за нашиот град  – истакна професор Соња Думбалова –делова, поранешен пливач маратонец.

Охридскиот градски базен за чија санација локалната самоуправа ќе издвои околу 100 илјади евра  е со димензии 25 на 50 м и има длабочина од два метри. Првично ќе биде наменет за рекреација и потоа ќе се користи за школите за пливање и ватерполо.

– Овај базен значи многу за СРЦ “Атина Бојаџи“, нашата цел во центарот останува тој да биде отворен за охриѓани, а со отварањето на базенот ние ќе  имаме широка понуда за граѓаните на Охрид но и за бројните туристи кои во текот на летото доаѓаат во нашиот град – потенцираше директорката на ЈП Билјани Извори, Гордана Јованоска.

Нe еден, туку три базени ќе добие Охрид

Ова е почеток на реализацијата на една идеја која ќе се заврши кога ќе се кога ќе се изгради рекреативниот базен како и комплетира затворениот базен, а исто така кога ќе се изгради рекреативниот базен.  Сега го пуштаме во употреба отворениот олимписки базен кој за жал нема можности за затварање  , и  од тие причини се одлучивме овај базен да остане отворен 5-6 месеци за може да се користи. Веднаш до него позади трибините ќе изградиме 25 метарски базен кој ќе биде затоврен и ќе биде во топла врска со спортската сала, а граѓаните  во исто време ќе може да го користат фитнес и спа центарот. Идејата за покриен базен со Агнецијата за Млади и Спорт останува,  пред десетина дена разговаравме со директорот на Агенцијата, тие остануваат на планот да изградат неколку покриени базени во Македонија, а токму првиот  е планиран да се отвори во Охрид.  Еден од условите кои АМС ги бараше беше да биде базенот на нова локација и а таа ќе биде на просторот меѓу спортската сала и Булеварот Туристичка или потчено каде што сега се наоѓаат рекреативните игри за забава. Покриенот безен кој ќе го кради Агенцијата и ќе биде наменет исклучително за спортистите, додека овој покриен базен ќе биде 25 метарски и ќе биде исклучително рекреативен – вели градоначалникот на Охрид , Александар Петрески.

Мирко Постоловски